МЕПСО донира 150.000 евра за електрификација во Конче

Bez autora
Jul 14 2013

Радовишките села Долни Радеш, Дона Враштица и Горна Враштица се електрифицираа и добија напојување со електрична енергија. Изградбата на далноводот и електроенергетската мрежа е инвестиција од 9,2 милиони денари (околу 150.000 евра), а средствата се обезбедени со донација од Македонскиот електропреносен систем-оператор АД МЕПСО. Синиша Спасов, генерален директор на МЕПСО, и Благој Јованов, градоначалник на Конче, вчера со симболично вклучување на далноводот го означија почетокот на електрификацијата на трите села. Донацијата е обезбедена во рамки на платформата за општествено одговорни политики на МЕПСО, а договорот за донација беше склучен во септември 2011 година.

МЕПСО донира 150.000 евра за електрификација во КончеРадовишките села Долни Радеш, Дона Враштица и Горна Враштица се електрифицираа и добија напојување со електрична енергија.

Изградбата на далноводот и електроенергетската мрежа е инвестиција од 9,2 милиони денари (околу 150.000 евра), а средствата се обезбедени со донација од Македонскиот електропреносен систем-оператор АД МЕПСО.

Синиша Спасов, генерален директор на МЕПСО, и Благој Јованов, градоначалник на Конче, вчера со симболично вклучување на далноводот го означија почетокот на електрификацијата на трите села.

Донацијата е обезбедена во рамки на платформата за општествено одговорни политики на МЕПСО, а договорот за донација беше склучен во септември 2011 година.

„Изградбата на далновод во должина од 2.754 метри и три трафостаници ќе овозможат развој на овој дел од општината и зголемување на интересот за враќање на мигрираните семејства од соседните општини кои располагаат со сопствен имот и објекти на територијата од истите населени места. Има и можност за рурален туризам и за развој на туристичката езерска населба ’Мантово’“, потенцира Јованов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik